Македонија
25. March 2018 - 13:42

Ги пцуел и навредувал полицајците, приведен дебранец на ГП Блато

На Граничниот премин „Блато“, вчера во 20.45 часот И.К. (33) од Дебар, управувајќи патничко возило „Ауди А6“ со струшки регистарски ознаки, дошол на пасошка контрола.

Кога му биле побарани документи, тој почнал да ги пцуе и навредува полициските службеници, а се обидел и физички да нападне еден полициски службеник. И.К. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин „Блато“, но и таму продолжил да се однесува агресивно.

Во 23.30 часот тој бил пренесен и задржан во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.