Живот
8. December 2015 - 13:14

Ги натерала да заплачат од среќа - Мајката на своите ќерки како божиќен подарок им...

Како изгледала таа магична средба, оваа мајка го снимила тоа со камера, а видеото го објавила на својот профил на Фејсбук.

1bebe

– Девојчињата не знаеја за Нејтан се до овој момент. Ги дочекавме на врата и им рековме дека им купивме подарок кој ќе го делат и дека тој се наоѓа под елката – изјавила радосната мајка.

2bebe

Кога девојчињата го виделе своето братче заплакале од среќа.

– О, колку е сладок – рекло едното девојче, додека другата сестра Клои прашала дали смее да го допре бебето.

Мајката Кортни објавила и прекрасна божиќна фотографија со бебето под елката, а нејзиниот статус разнежнил милиони луѓе ширум светот.

– Го хранам моето мало момче и размислувам за доживувањата во изминатите денови! Ова беше едно од најмагичните искуства во нашите животи! Се молевме за големи работи и Бог ни одговори на великодушен начин! Нашето мало момче е неверојатно совршено! Здраво е и среќно, и е нешто најслатко што некогаш сме го виделе – напишала среќната мајка.

3bebe

Семејството Солстад долго време посакувале да посвојат бебе, и не сакале на своите деца да им кажат дека конечно ќе добијат нов член на семејството, туку сакале да ги изненадат и дефинтивно успеале во тоа.