Џет-Сет
16. April 2016 - 10:12

Ги изненади фановите: Марија Шерифовиќ објави фотографија на која е во целост гола

Пејачката Марија Шерифовиќ објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм која предизвика изненадување кај своите бројни обожаватели.
 
Таа по се изгледа за миг посакала да види како е да се биде во кожата на старлетите, па се решила на ваков потег.
 
Сепак постои една финта која укажува дека Марија сакала да биде саркастична и можеби токму со овој потег да ги исмее старлетите.
 
Имено, Шерифовиќ објавила фотографија од пред 30 години кога била бебе. Под фотографијата имаше најразлични коментари, секако најбројни беа позитивните.