Живот
14. May 2018 - 16:33

Ги бира најубавите девојки и ге тера на оргии: Испливаа детали за озлогласениот култ кој го води овој Турчин!

Аднан Октар (62) познат под певдонимот Харун Јахја, е водач на еден од најозлогласените култови во Турција. Опкружен е со стотици млади жени, на кои, како што тврдат им го испрал мозокот.

Октар инаку е турски писател, ексцентричен и влијателен телевизиски проповедник, кој теолошките расправи секогаш ги засладува со гостување на атрактивни, млади следбенички.

Според досегашните медиумски написи, жените кои се во негово друштво секогаш мора да бидат облечени според неговите упатстава. Тие се секогаш беспрекорно дотерани и облечени по последна мода.

Тезата која тој сака да ја проповеда е дека се жените создадени да бидат убави и сакани.

Седиштето на својот култ го смести во луксузна вила на три ката. Вилата се наоѓа на имотот во еден од најубавите делови од Босфор. Секако, него, девојките и имотот го чуваат вооружени, наблидани телохранители.

Малку мажи

Октаровата свита ја сочинуваат околу 300 лица, а станува збор за млади и згодни девојки, кои тој ги нарекува мачкици. Култот го следат и неколку момчиња, но тие буквално се малцинство.

Тој своите следбеници ги нарекува „добри пријатели“, меѓутоа се смета дека ги искористува сексуално и финансиски.

Некои девојки кои успеале да го напуштат овој култ тврдат дека биле присилени да учествуваат во оргии, а кога на Октар му рекле дека сакаат да се вратат дома, тој наводно ги уценувал со снимки од оргии и им се заканувал дека јавно ќе ги посрами.

Сите девојки во култот мора да го нарекуваат „господар“, а тој ги слуша додека сами се расправаат за тоа зошто теоријата на еволуцијата е погрешна.

Иако Октар себеси сака да се нарекува феминист, девојките кои успеале да побегнат од култот го нарекуваат „обична свиња“.

„Успеав да побегнам од тој лудачки култ. Се надевам дека уште девојки ќе успеат во тоа и дека нема најдобрите години од животот да ги потрошат со него“, изјави една од девојките која од страв не сакаше да го открие својот идентитет.

Бил во затвор

Аднан Октар својот култ го покренал во 80-тите, кога водел жестоки расправи против еволуцијата и комунизмот проповедајќи исламски креационизам.

Во текот на 2008 година Октар е осуден на три годни затвор поради создавање илегална организација за да извлече лична корист, а на суд е докажано дека тајно ги снимал сексуалните односи со своите следбенички и дека тие снимки ги користел за уцени.