Македонија
16. August 2018 - 11:12

Ги барале преку Интерпол, двајца турски државјани уапсени на ГП Богородица

Ноќеска во 00.30 часот на Граничниот премин „Богородица“ со патничко возило „Фолксваген Шаран“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од Република Македонија, допатувале У.А. (28) и Г.Р. (25) од Република Турција.

При пасошка контрола, било констатирано дека пасошите на турските државјани биле предмет на потрага на Интерпол-Турција, односно биле пријавени за изгубени/украдени од имателот.

При претрес на багажот на турските државјани биле пронајдени уште две оригинални турски патни исправи. У.А. и Г.Р. биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.