Македонија
13. April 2020 - 14:00

Гевгелиското обвинителство побара парични казни за 12 лица за непочитување на полициски час

Гевгелиското обвинителство побара парични казни во висина од по 1 000 евра за дванаесет лица за нарушување на полицискиот час.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело, непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возила се движеле низ градот, стои во соопштението од ОЈО.

За  обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив висина од по 10 евра во денарска противвредност.