Гевгелиските таксисти и приватните автобуски превозници го одложија штрајкот
Гевгелиските таксисти и приватните автобуски превозници одлучија штрајкот, што до синоќа им беше ставен во мирување поради влошување на бегалската криза, да го одложат повторно овој пат на неодредено време.
- Свесни за состојбата што и ние ја следиме од непосредна близина како и за предизвикот пред кој се наоѓа земјата, одлучивме со неодреденото пролонгирање на штрајкот да дадеме свој придонес во справувањето на безбедноните сили со бегалската криза.Кога состојбата ќе биде вратена во нормала,ќе одлучиме што и како понатаму, рече Миле Ангелов, претседател на Здружението на такистите од Гевгелија.
До пред неколку дена,кога протестот беше ставен во мирување,таксистите и приватните автобуски превозници секој ден по два часа го блокираа граничниот премин „Богородица“, а извесен период ги блокираа и главните сообраќајници во градот,барајќи да бидат вклучени во превозот на мигрантите рамноправно со МЖ.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор