Македонија
19. јуни 2018 - 10:34

Гевгелиската гимназија ќе прими 374 ученици

 - Според плановите и програмите на училиштето, гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ годинава во два термина од јунскиот и еден од августовскиот уписен рок ќе прими 374 ученици во прва година кои ќе бидат распределени во 11 паралелки.

- Во гимназиското образование место ќе има за 170 ученици во пет паралелки, додека во угостителско-туристичката струка ќе можат да се запишат 102 ученика во три паралелки во кои за угостителски техничари, келнери и готвачи ќе учат по 34 ученици. Во машинската струка обезбедивме место за 68 ученици, а во економската за 34 ученици, велат од гимназијата.

Во средното училиште во Богданци годинава за прв пат се воведува здравствената струка во чии рамки, спред информацијата од училиштето, ќе бидат запишани 34 ученици кои во една паралелка ќе следат настава за медицински сестри.

Првиот јунски уписен рок завршува денес, вториот е на 28 јуни, а августовскиот уписен рок ќе се одржи на 23 август.