Гевгелија во трета фаза на ширење на коронавирусот
Во Гевгелија пет дена по ред се регистрира истиот број од четири заразени лица од Ковид-19, и тоа сите од исто семејство. Според епидемиолозите, тоа претставува добра и позитивна вест.
Според мерните параметри на Институтот за јавно здравје, инциденцата на болеста во Гевгелија е со стапка од 11,6 (на 100.000 жители) или се наоѓа во Фаза 3, што значи дека трансмисијата на коронавирусот е локализирана.
Од гевгелиската подрачна единица на Центарот за јавно здравје информираат дека во нивниот пункт за земање брис досега се направени 77 тестови на пациенти кои беа нотирани во епидемиолошката карта на веќе заболените лица од Гевгелија, како и на лица кои се наоѓаат во државен карантин во хотелот на казиното „Фламинго“.Тестовите кај 45 лица се негативни на коронавирус, а од 32 недоработени тестови се чекаат резултатите.
Епидемиолозите апелираат на дисциплина и натамошна строга примена на мерките за заштита од ширењето на Ковид-19, особено во пресрет и за време на претстојните велигденски празници.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање