Гевгелија протестира против отворање погон за преработка на отпад
На повик од граѓанското здружение „Спас за нас“ денеска гевгеличани пред зградата на локалната самоуправа се собраа да протестираат против отворање погон за преработка на отпад и продолжување на геолошките истражувања за злато на планината Кожуф, за што повторно барање за концесија поднеле компаниите ПиП индустрис од Италија и Минерал резервоарс од Канада.
Општина Гевгелија на првите барања од истите компании еднаш веќе даде негативно мислење,поради што граѓаните со денешниот протестен собир сакаат да ги охрабрат општинските советници и на денешната седница да го сторат истото.
– Не смееме да дозволиме најчистиот и најубавиот град во Македонија да се претвори во депонија за увозен отпад. Очекуваме и ги охрабруваме нашите сограѓани советници да донесат едногласна одлука со големо НЕ како што тоа го направија во неколку наврати во изминатите две години,а на компаниите им порачуваме отпадот да си го преработуваат дома,рече Ангел Наков,претседател на граѓанското здружение „Спас за нас“.
Гевгеличани генерално им порачаа на сите загадувачи да не го губат времето со овие деструктивни проекти затоа што Гевгелија била и ќе остане еколошка оаза.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација