Македонија
1. August 2016 - 16:40

Гевгелија ќе гради нова депонија поради зголемениот отпад од бегалската криза

Бегалската криза го зголеми отпадот  во Гевгелија. Големиот број бегалци и мигранти кои во изминатиот период токму преку Гевгелија го продолжуваа нивниот пат кон западноевропските земји придонесоа количините на комунален отпад да бидат двојно поголеми од вообичаеното. Ваквата состојба и малиот капаците на веќе постоечката депонија ја наметна потребата од нова депонија која ќе може да ги задоволи моменталните потреби на општината. Овој проблем локалната самоупрабва ќе го решава со изградба на нова мини депонија која ќе има времен карактер. Проектот ќе се реализира преку програмата за развој на ОН од доделениот грант од Јапонската влада која обезбеди 1 225 000 долари како поддршка на згрижувачките општини Гевгелија и Куманово кои беа директно погодени од транзитот на скоро еден милион бегалци и мигранти.Јапонскиот грант согласно програата на УНДП е наменет за управување со отпадот и подобрување на водоснабдувањето.

,, Ќе Биде тоа привремена депонија се додека не се изгради депонијата која што ќе ја прави Југоисточниот плански регион и целиот отпад од овие десет општини од Југоисточниот плански регион ќе се носи токму таму, па оваа сега што ја правиме привремена депонија може да ја користиме за она што се нарекува претоварна станица.,, вели Љупчо Алексовски од општина Гевгелија

Привремената мини депонија ќе  биде изградена по сите најсовремени светски стандарди, а ќе се гради во близина на Ново Конско,  локација која врз основа на истражувањето на теренот била утврдена како најпогодна од сите десет можни локации. Со утврдувањето на локацијата од страна на гевгелискиот совет  веќе започнува и постапката за изработка на елаборат за влијаниетона животната средина и јавна расправа по него со цел да се слушне и мислењето на граѓаните. Дел од средствата од јапонскиот грант освен за изградба на времена депонија ќе бидат насочени и за реконструкција на постојните бунари за вода за пиење кај Вардар. Со реконструкцијата ќе биде извршено и зголемување на капацитетот на вода за пиење од 50 на 100 литри во секунда.