Бизнис
13. April 2018 - 14:26

Гевгелија и Богданци заедно ќе изготват програми за енергетска ефикасност

Општините Гевгелија и Богданци ќе спроведуваат заеднички активност за изготвување на програмите за енергетска ефиаксност. Ова е договорено денеска меѓу претставници на двете локални самоуправи на првиот прелиминарен состанок.

Програмата за енергетска ефикасност не само што е од суштинско значење за мониторинг на потрошувачката на електрична енергија во општинските објекти што се во надлежност на локалните самоуправи, туку е и законска обврска од која произлегува следење на потрошувачката и предлагање мерки за нејзино можно намалување, беше истакнато на состанокот што се одржа во Гевгелија.

Претставниците од двете општини истакнаа дека активностите се веќе започнати и дека наскоро ќе следува снимање на потрошувачката на електрична енергија пооделно  за секој објект, поставување на резултатите од мерењето во базата на податоци потребна за изготвување анализа и утврдување на предлог решенија за намалување на потрошувачката.