Гевгелија и Богданци ќе добиваат гас преку грчкиот гасовод
Општините Гевгелија и Богданци се вклучени во проектот „Интерконективен гасовод МК-ГР“ што конкретно значи дека ќе бидат вклучени во јужниот крак од грчкиот гасовод, кој ќе минува низ овие две општини, потврдија денеска од општина Гевгелија.
Градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков информира дека на гасоводната линија од соседна Грција, покрај Гевгелија и Богданци, ќе се приклучат уште и општините Демир Капија и Неготино, а за изработка на проектните документи и првичната студија кои се обврска на АД „Македонски енергетски ресури“, пари веќе се обезбедени преку Европската инвестициска банка.
– Со проектот ќе биде проектирана и изградена примарната гасоводна мрежа,која предвидува внесување на гасот од Грција и негово транзитирање до мерните регулаторни станици на секоја од четирите општини,а наша обврска потоа ќе биде да ја проектираме и реализираме секундарната гасоводна мрежа, нагласи Поцков.
За потребите на студијата,која треба да биде готова до крајот на јануари,општините треба да ги обезбедат сите релевантни податоци,а целата проектна документација треба да биде готова до пролет 2020 година по што веднаш ќе почне реализацијата на проектот.
Поцков изрази голема благодарност што грчки компании пројавиле интерес да ги изградат мерните гасоводни станици во Гевгелија и Поликастро.
Ново на Сител
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка