Македонија
16. March 2020 - 10:56

Гевгелија финансиски е консолидирана општина

Минатата година дел од моите стратешки определби се остварија или почнаа да се остваруваат особено во делот на финансиската консолидација на Општината и реализираните проекти за подобрување на квалитетот на животот, нагласи градоначалникот Сашо Поцков на последната седница на општинскиот Совет.

-Слободно можам да кажам дека Општина Гевгелија финансисики е консолидирана. Во континуитет имаме растечко остварување на општинскиот буџет и тоа од 48,8 отсто во 2017 година до 86,15 отсто во 2019 година што претставува до сега највисоко остварување, потенцира Поцков.

Тој информира дека вкупниот долг на Општина Гевгелија во 2019 година изнесувал околу 61 милион денари од кои 38 милиони денари се долг кон ЈПКД „Комуналец“ кој договорно се сервисира и 12 милиони денари кон една градежна фирма кои во текот на јануари, годинава биле исплатени.

-Значи реалниот долг на Општина Гевгелија моментно не е поголем од 10 милиони денари, така што финаниската состојба сега ни овозможува нашите активности да ги насочиме кон остварување други неопходни потреби на граѓаните, рече Поцков