Македонија
14. July 2020 - 11:27

Гевгеличанец изгубил контрола и паднал од својот мотор, се здобил со телесни повреди

На 13.07.2020 во 11.40 часот на регионалниот пат село Смоквица – с.Прдејци, гевгелиско, П.И.(19) од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.