Фудбал
4. November 2017 - 15:08

Гетафе „прокоцка„ два гола преднос против Бетис

 
 
 Фудбалерите на Гетафе иако имаа два гола предност во дуелот против Бетис, сепак на крајот мораа да се задоволат со еден освоен бод. 
 
Во воведниот меч од 11.коло коло на шпанската Примера, тимот на Гетафе со головите на Маркел Бергара (18.минута) и Франсиско Портиљо (34) имаше предност на гостувањето кај Бети со 2:0 по првиот дел. 
 
Во вториот дел, домаќините фрлија се на една карта, па преку Антонио Санабриа (68) и Риад Будебуз (87) успеаја да стигнат до израмнување (2:2) за голема радост на навивачите присутни на стадионот „Бенито Виламарин“ во Севиља. 
  
Бетис остана на осмото место на табелата сега со 17 бодови, додека Гетафе е десети со 13. 
 
Од натпреварите кои ќе се играат денеска го издвојуваме дербито на „Камп Ноу“ каде лидерот на табелата Барселона ја пречекува петто пласираната Севиља