Loading Video...
Македонија
10. August 2020 - 16:36

Германското претседателство со ЕУ очекува Македонија да ги почне преговорите за членство до крајот на годината

Македонија и регионот се високо на агендата на германското претседавање со ЕУ, велат од МНР во Берлин. Оттаму очекуваат до крајот на годинава да се финализира преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција, со што земјава и формално ќе ги започне преговорите. Директорката за Балканот во германското Министерството за надворешни работи, Сузане Шутц ветува дека Берлин напорно ќе работи со европските и македонските  партнери таа цел да се оствари.

Таа потенцира дека не смее да се дозволи споровите во регионот да ја загрозуваат европската перспектива, а тука ги наведува и отворените прашања мегу Македонија и Бугарија.

Шутц е децидна дека тие мора да решаваат, согласно договорот за добрососедство, кој предвидува исторските прашања да се остават на Комисијата за историски и образовни прашања.

-Сметам  дека останува во игра формулата договорена меѓу премиерите Заев и Борисов, согласно која историјата треба да им се остави на историчарите. Двете држави треба да ги решаваат отворените прашања во рамките на билатералната спогодба, односно историската и образовна комисија, вели Шутц во интервјуто за БИРН.

Германката верува дека двете земји ќе ги подобрат односитеи во рамките на Берлинскиот процес, во кој претседаваат двете држави.  

Шутц очекува целиот регион целосно да се посвети на владеење на правото и борбата против корупција, како главни столбови на европските интеграции. Од Србија и Косово се бара конструктивен дијалог, правосудни реформи во Албанија, како и решавање на верскиот спор меѓу Белград и Подгорица.