Германското јавно обвинителство влезе во Ауди
Истражители на германското јавно обвинителство од Минхен денеска влегле во двете фабрики и неколку други објекти на автомобилскиот гигант „Ауди“ во рамки на истрагата за скандалот со лажирање на нивото на емисија на штетни гасови, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Целта на денешните истражни мерки според обвинителството треба да утврди аномалии при продажбата на околу 80 илјади дизел возила во САД меѓу 2009 и 2015 година кои што имале вграден софтвер кој лажно го прикажувал нивото на емисија на штетни гасови. Според изјавата на обвинителството денешните проверки се однесуваат само на возилата што се продавале во САД а не и за тие што биле наменети за Евбропа.
Според Ауди денеска околу 70 истражители на обвинителството влегле во нивните објекти во Инголштад и Некарсулм каде што работат над 60 илјади работници. Во денешната истрага не биле опфатени приватни објекти на менаџментот на компанијата.
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата