Свет
15. December 2015 - 15:12

Германските власти уапсија исламистички екстремист, осомничен за тероризам

Еден од највидните исламски екстремисти во Германија денеска е уапсен под сомнение дека и дава поддршка на странска терористичка организација, информира ТАСС.

Обвинителството соопшти дека Свен Лав бил приведен во западниот дел на Германија.

Тој е осомничен дека ја поддржувал групата „Џаиш ал мухаџирин вал ансар“, која САД минатата година ја стави на листата на терористички организации.

Според обвинителството,35-годишниот германски државјанин, кој преминал во ислам, им помагал на екстремистите кои сакале да се борат за групата во Сирија.

Тој, исто така, е осомничен дека на оваа организација и двала финансиска и материјална поддршка.

За Лав се дозна минатата година кога се обиде да создаде „шеријатска полиција“ во германскиот град Вупертал за примена на строга интерпретација на исламот