Германските власти уапсија исламистички екстремист, осомничен за тероризам
Еден од највидните исламски екстремисти во Германија денеска е уапсен под сомнение дека и дава поддршка на странска терористичка организација, информира ТАСС.
Обвинителството соопшти дека Свен Лав бил приведен во западниот дел на Германија.
Тој е осомничен дека ја поддржувал групата „Џаиш ал мухаџирин вал ансар“, која САД минатата година ја стави на листата на терористички организации.
Според обвинителството,35-годишниот германски државјанин, кој преминал во ислам, им помагал на екстремистите кои сакале да се борат за групата во Сирија.
Тој, исто така, е осомничен дека на оваа организација и двала финансиска и материјална поддршка.
За Лав се дозна минатата година кога се обиде да создаде „шеријатска полиција“ во германскиот град Вупертал за примена на строга интерпретација на исламот
Ново на Сител
-
МТСП: Наскоро започнува проектот за поддршка на Владата во транспонирањето на правото на ЕУ за родова еднаквост
-
Ганиу: Од сопственикот на кафулето во ТЦ „Мавровка“ бев информиран дека го враќа во првобитната состојба
-
СДСМ: Со најтранспарентната реформа во образованието се поправа хаосот што го остави ВМРО-ДПМНЕ
-
До 200 луѓе дневно поднесуваат обнова на документите за додатокот на трето дете
-
Пациентка се заканувала на вработени во штипската Клиничка болница
-
Кривични пријави за две лица за тргување со оружје и дрога
-
Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабораторија во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска да соопшти кој и каде погрешил во процедурата за избор на кандидат за највисок воен претставник