Свет
26. February 2016 - 8:57

Германските власти не знаат каде се околу 130 илјади бегалци кои влегле во државата

Германските власти не знаат каде се околу 130 илјади бегалци кои од минатата година се во државата. Тоа го објави весникот Зидојче цајтунг, повикувајќи се на текст од одговор на германското МВР на прашање на пратеник од Левите.

Од документот се гледа дека околу 13 отсто од странците кои пристигнале во Германија во 2015 година, како кандидати за азил, не се појавиле на местото за новата регистрација.

Вкупно во минатата година во Германија пристигнале околу 1,1 милиони кандидати за азил.

Германското МВР претпоставува дека исчезнатите мигранти можно е да се упатиле кај свои роднини или пријатели во други држави од ЕУ или се приклучиле во криминални групи и останале во Германија нелегално.