Свет
19. October 2015 - 18:56

Германските служби за безбедност внимателно ги следат антиисламските организации

Германските служби за безбедност вршат мониторинг на антиисламските движења во земјата откако минатата недела радикалната организација ПЕГИДА одржа протест на кој се собраа повеќе од 9.000 луѓе.

- Собирот на ПЕГИДА минатата недела е јасен пример дека агресивниот потенцијал на овој и сличните политички движења расте, изјави денеска Штефан Зејберт портпарол на владатата во Берлин.

Според него ваквиот развој на настаните е внимателно следен од домашните служби на федерално и државно ниво. Ваквите пораки доаѓаат на неколку часа пред движењето на Патриотските Европејци против исламизација на западот да одбележи една година од почетокот на своите протести.

И вечерва во Дрезден се очекуваат илјадници луѓе коишто не се согласуваат со политиките на канцеларката Меркел при третманот на припадниците на исламската религија кои што се голем дел од бегалците и азилантите кои што пристигнуваат во Германија во огромни бројки.