Бизнис
23. November 2018 - 20:22

Германските компании сакаат да дојдат во Македонија но недостасува кадар за работа

Германските  компании сакаат  да инвестираат во земјава. Тука има услови за отпочнување бизнис, но велат недостасува квалификуван кадара за работа. Од германското министертво за економија посочуваат дека државата треба да направи сериозни измени во системот за образование.  Да го спречи одливот на мозоци.

Денеска беше формиран и управувачки комитет  за економска соработка меѓу двете држави. Надлежните очекуваат ова тело да помогне за зголемување на соработката меѓу Макеоднија и Германија.

И од бизнис коморите во земјава досега неколку пати посочија дека македонската економија се соочува со недостаток на квалификуван кадар. Дека е потребно да се направат измени во образованието  за да може пазарот на трудот да генерира кадара кои му е потребен на стопанството и на инвеститорите кои доаѓаат тука.