Германскиот претседател Штајнмајер денеска и утре во официјална посета на државава
Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија.
Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Штајнмајер и Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
Штајнмајер е предвидено да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети Ветерниот парк во Богданци.
Предвидена е и средба на германскиот претседател со премиерот Димитар Ковачевски попладне во Владата.
Штајнмаер утре во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Во попладневните часови ќе ги посети Ветерниот парк во Богданци, а потоа германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.
Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Северна Македонија.
По Северна Македонија, Штајнмаер заминува во посета на соседна Албанија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација