Свет
15. April 2018 - 11:38

Германскиот претседател Штајнмаер загрижен од влошувањето на односите со Русија

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вчера изјави дека е загрижен поради влошувањето на односите меѓу Русија и западните земји, пред се поради труењето на агентот Сергеј Скрипал, и побара да се вложат дипломатски напори за да се поправат нарушените односи.

- Настрана Путин, не можеме да ја прогласиме целата Русија, целата земја, нејзините луѓе, како непријатели, Штајнмаер изјави за весникот „Билд ам Зонтаг“. Германскиот претседател додава дека труењето на Скрипал е алармантно, но еднакво загрижувачко треба да биде оддалечувањето на Русија и Западот.

- Време е за одговорни политики. Не смее да доминира чувството на апокалипса во односите со еден тежок сосед, додава Штајнмаер.