Свет
6. јуни 2016 - 14:09

Германскиот претседател Јоаким Гаук не сака уште еден мандат

Германскиот претседател Јоаким Гаук денеска потврди дека во 2017 година нема да се кандидира за втор петгодишен мандат поради тоа што, како што кажа, тогаш ќе биде престар за оваа функција.

Во денешното кратко соопштение Гаук (76) наведе дека ќе го доврши актуелниот петгодишен мандат, но дека не се чувствува способен за уште еден, затоа што „годините меѓу 77 и 82 се поинакви“ од оние во кои е сега.

Германскиот претседател главно има церемонијална улога, но се смета за значаен морален авторитет, наведуваат американските медиуми.

Тој не се бира директно од граѓаните, на избори, туку го избира комитет што го сочинуваат членови на Бундестагот и ист број делегати од парламентите на сојузните покраини.