Свет
30. August 2015 - 9:23

Германскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Авганистан

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер пристигна во ненајавена посета на Авганистан. 

Кусата посета има за цел да укаже дека Германија му дава сестрана поддршка на Авганистан во неговото обновување.

Штајнмаер ќе има средба со авганистанскиот претседател Ашраф Гани, со кого ќе разговара за прашања за национално помирување во земјата и за спроведувањето на реформите, како и за борбата против тероризмот.

Од Кабул Штајнмаер ќе замине за Пакистан.