Фудбал
22. May 2016 - 9:10

Германскиот куп за Баерн

Фудбалерите на минхенски Баерн ја освоија титулата во Купот на Германија, откако во финалниот меч, во Берлин, по изведувањето на пенали со 4:3 ја совладаа Борусија Дортмунд. Натпреварот по 120 минути игра заврши без голови.
 
Финалето на германскиот Куп донесе натпревар со многу темпо, тактичко надмудрување и малку шанси за постигнување на голови. Левандовски имаше еден добар обид во првото полувреме, а најдобарата можностза постигнување на гол за Дортмунд ја имаше Обамејанг во 88.минута.
 
Во продолжението двата тима имаа по една шанса Мхитаријан за Дортмунд и Алаба за Баерн.
 
Во пенал рулетот повеќе нерви има фудбалерите на Баерн Видал, Левандовски, Милер и Даглас Коста беа прецизни, додека пормаши Кимих, а на спортивната страна не реализираа Бендер и Сократис во втората и третата серија, а прецизни беа Кагава, Ројс и Обамејанг.
 
Баерн ја освои 18-та титула во Купот на Германија, а Пеп Гвардиола со освојувањето на двојната круна стави крај на својата тригодишна работа во Минхен, од наредната сезона тој ќе го предводи Манчестер Сити.