Ракомет
1. April 2018 - 18:50

Германскиот Кил противник на Варадар во 1/4 финалето на Лигата на шампиони

Германскиот тим Кил ќе биде противник на македонскиот и актуелен европски првак Вардар во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони.
 
Откако првата средба од осминафиналето одиграна во Германија, Кил ја доби со 7 гола разлика (29-22), попладнево на реванш дуелот во Унгариј, ПИК Сегед победи со 28-27, но тоа не беше доволно популарните „зебри“да бидат елиминирани.
 
Со тоа ракометарите на Кил се изборија за дуел против Вардар. Првата четвртфинална пресметка ќе се игра во Германија од 18-22 април, а реванш дуелот во Скопје седум дена подоцна (25-29 април)
 
Иако од осминафиналето останува вечерва да се одигра реваншот меѓу Рајн Некар Левен и Киелц, јасно е дека полскиот тим кој првиот меч го доби со 24 разлика ќе биде противник на ПСЖ во четвртфиналето во кое преостанатите два пара ги сочинуваат, Фленсбург – Монпеље и Нант – Скјерн.