Германскиот дипломат Михаел Рот во посета на Скопје
Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија Михаел Рот од денеска до вторник ќе престојува во посета на Македонија и Србија.
- Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Одговорните политичарите ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување, се вели во информацијата од германското МНР пред посетата, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Предвидено е Рот прво да го посети Белград, а потоа ќе пристигне во Скопје.
- По Белград Рот патува во Скопје каде што новата Влада ја почна својата работа по изборите во декември. Формирањето на Владата беше долго и тешко, се вели во информацијата од германското МНР во која не се наведува со кого ќе се сретне германскиот дипломат во Македонија.
Михаел Рот е еден од највлијателните дипломати во германското МНР, тој е член на германските социјалдемократи и еден од најблиските соработници на министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, кој е дел од кампањата на СПД за сојузните избори закажани за септември, а учествува и во меѓународната медијација за кризата во Катар.
Ново на Сител
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко