Македонија
20. July 2019 - 19:58

Германскиот амбасадор го отвори својот дом за лицата со хендикеп

Германскиот амбасадор го отвори домот за лицата со хендикеп. Членови и подржувачи на Полио Плус вчера попладне се дружеа и ја покажаа својата креативност во резиденцијата на амбасадорот Томас Герберих.

Со спреј цртаа графити и уметнички дела на платно.

-Убава можност лицата со хендикеп да видат како изгледа домот на еден амбасадор и исто така да се дружат и да бидат креативни, изјави Елена Кочоска – движење пшротив хендикеп Полио Плус

-Целта не е само да јадеме и пиеме туку и да бидеме креативни и да се дружиме со лицата со хендикеп, изјави Томас Герберих, амбасадор на Германија.

Во инцицијативата “Социјален петок” која околу 2 години се реализира во земјава за прв пат беа вклучени луѓе со хендикеп.

-Мислкам дека со оваа иницијатива времето кое го трошиме во петок попладнер може да има општествена корист, изјави Фикрет Зендели, иницијатива “ Sociaal Friday”

Oд движењето против Хендикеп Полио Плус се надеваат дека вакви настани ќе бидат организирани и во други амбасади и општествено одговорни компании.