Германски складишта за гас полни 85 отсто
Германските капацитети за складирање гас се полнат малку побрзо отколку што пропиша владата и сега се полни 85 отсто, покажаа податоците на енергетскиот регулатор.
Минатиот четврток нивото на гас во магацините беше 81,78 отсто, се вели во неделниот извештај на регулаторот, а до петок требаше да се искачи на 82,2 отсто. Владата предвиде магацините да бидат полни 75 отсто до 1 септември, 85 отсто до 1 октомври и 95 отсто до 1 ноември. – Складиштата се полнат побрзо од очекуваното, изјави министерот за економија Роберт Хабек за Шпигел. Надлежните очекуваат дека веќе на почетокот на септември ќе се достигне нивото пропишано за 1 октомври.
Полни складишта се доволни за околу 256 терават часови, што е приближно една четвртина од годишната потрошувачка на Германија, според индустриското здружение INES. Германија увезува голем дел од својот гас од Русија, но поради руската инвазија врз Украина, воведе санкции против Москва и најави дека ќе ја намали зависноста од руските енергетски извори, замрзнувајќи го отворањето на гасоводот Северен тек 2, кој требаше да го удвои снабдувањето со руски гас.
Од друга страна, Русија почна да го наплаќа гасот во рубљи за да избегне санкции, а Газпром летово ги намали испораките поради одржување. Дополнителни проблеми со снабдувањето предизвикаа канадската блокада на турбината за Северен тек 1 и украинското затворање на важна транзитна точка на вториот гасовод.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили