Германски компании бараат укинување на санкциите кон Русија
Истражување спроведено од Германско-руската трговска комора покажува дека за 60 отсто од компаниите бо Гермнаија што соработуваат со Русија, економските санкции се контрапродуктивни, објави весникот „Билд“.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, дополнителни 21 отсто од 800-те компании членки на Германско-руската трговска комора бараат санкциите да бидат олеснети.
Влошените економски односи меѓу Русија и Германија поради санкциите воведени од ЕУ и САД во 2014 година по руската анексија на украинскиот полуостровот Крим, предизвикаа штети во износ од милијарди евра за двете страни.
Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел денеска во Москва преговара за укинување на санкциите под услов Русија да влијае на прекинот на конфликтот во источна Украина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација