Бизнис
17. August 2018 - 19:42

Германски „Герешајмер“ избира меѓу Македонија и уште една земја за да гради нова фабрика

Македонија е меѓу двете земји што германската компанија Герешајмер ги разгледува како опција за реализирање на својата нова инвестиција.

Одлуката за тоа во која земја ќе се реализира инветсицијата ќе биде донесена до крајот на годината, а денеска менаџментот на компанијата имаше средба со вицепрмеиерот Анѓушев.

Герешајмер е  лидер во производството на пластични и стаклени производи за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија.

Има производствени капацитети во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка,  вработува 10.000 лица и остварува годишен приход околу 1,3 милијарди евра.