Свет
12. October 2018 - 14:49

Германски брз воз пламна среде возење: 510 патници итно извлечени од стравичниот пожар

Пожар избувна претпладнево во патнички воз, што сообраќал на реалција од Франкфурт кон Келн.

Германските власти соопштија дека при пожарот нема повредени и дека сите 510 патници од возот биле на време евакуирани.

Пожарот, кој зафатил два вагона од композицијата, се случил во близина на германскиот град Дирдорф.

Поради пожарот во прекин е железничкиот собраќај низ оваа пруга, а времено беше затворен и автопатот А3, што минува во близина, бидејќи чадот ја ограничувал видливоста.

Причините за пожарот засега не се познати.