Свет
1. September 2016 - 13:20

Германската војска ќе обучува 120 сириски бегалци за обновата на Сирија

Германската војска почнува пилот проект за обука на сириски бегалци за стекнување со невоени вештини што еден ден може да им помогнат во обновата на нивната земја, во надеж дека некогаш ќе можат да се вратат во Сирија.

Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, и шефот на агенцијата за вработување,Франк-Јирген Вајзе, денеска ја потпишаа спогодбата за проектот иако обуката почна на почетокот на неделата.

Во текот на 12 недели, односно во три едномесечни курса, воените експерти ќе подучуваат 120 бегалци од областите на инженерство, изградба, санитет и други вештини.

Фон дер Лајен изјави дека за евентуалната обнова на Сирија ќе бидат потребни „многу повеќе од обичен камен, ќе бидат потребни луѓе од доверба и со различни вештини“, пренсуваат американските медиуми.

Дири и доколку бегалците се одлучат да не се враќаат во Сирија, оваа програма ќе им помогне да се стекнат со вештини кои им се потребни за работа во Германија, рече таа.