Свет
7. February 2017 - 15:56

Германската полиција врши претрес во домовите на „Граѓаните на Рајхот“

Германската полиција извршува претрес во домовите и канцелариите на членовите на екстремистичката групата „Граѓаните на Рајхот“, кои се осомничени дека се обиделе од основаат сопствена држава. 

Според наводите на полицијата, се извршува претрес во 15 објекти во Баварија, Баден-Виртемберг и Рајнланд-Пфлац. 

Баварската полиција соопшти дека одредени рации се спроведуваат заедно со специјалните единици, бидејќи се можни насилни реакции од страна на осомничените. 

Седум лица се сомничат за фалсикување на документи што наводно се издадени од „Германски Рајх“, додека уште девет лица се осомничени дека се приврзаници на групата.