Балкан
23. March 2016 - 17:41

Германската полиција вчера уапсила тројца Косовци

Во возило со белгиска регистрација германската полиција вчера наутро во близина на границата со Австрија уапсила тројца државјани на Косово, за кои се испитува дали подготвувале терористички напади, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според полицијата тројцата Косовци се задржани од полицијата пред да се случат нападите во Брисел и се уште се испитува дали тие планирале извршување на сериозни престапи против јавната безбедност.

Германските власти не даваат информации дали тие се поврзани со атентаторите во Брисел, но полициските избори не ја исклучуваат и таа можност.