Свет
27. February 2020 - 13:03

Германската полиција откри група малолетни неонацисти, родителите „шокирани“

Полицијата во Германија откри група малолетнички радикални десничари кои со месеци ширеле нацистичка пропаганда во Бург Старгард, во североисточна Германија.

Петмина осомничени се на возраст од 14 до 17 години и на нив им се припишуваат најмалку 189 политички мотивирани пропагандни престапи, соопшти полицијата. Голем број хард дискови се запленети при претресот на становите на малолетниците, а анализата на тие податоци може да трае со месеци, се вели во соопштението.

Според полицијата, родителите на малолетни лица се „запрепастени и шокирани“ од однесувањето на нивните деца.