Свет
15. November 2016 - 10:06

Германската полиција изврши претреси на осомничени поддржувачи на ИД

Германската полиција изутринава истовремено изврши претреси во десет провинции против осомничени поддржувачи на терористичката групација Исламска држава, јави ДПА.

Во акцијата учествувале стотици полицајци, кои извршиле претреси на повеќе од 200 станови и канцеларии, во сопственост на лидери и поддржувачи на салафистичката групација Вистинска религија, изјавија претставници на полицијата.

Претресите кои почнале истовремено во земјата во 6:30 часот по локално време, биле извршени во западна Германија и во Берлин.