Бизнис
8. October 2019 - 16:41

Германската ,,Маркарт‘‘ го шири бизнисот

По пет години работа германската  компанија Маркарт донесе одлука да го шири бизнисот во земјава. Ќе отвара нови капацитети и работни места.  Од компанијата велат  тешко се наоѓа потребниот кадара, но се задоволни од локацијата каде работата. Во моментов во Маркарт има 650 работници.

Премиерот Заев кој беше во посета на компанијата рече дека државата преку комуникација со странските компании работи на подобрување и упростување на условите за инвестирање. Посочи дека наскоро ќе се знае и моделот по кој ќе се отвораат  економските канцеларии за привлекување инвеститори.

Од опозицијата  пак велат Зоран Заев  може да се пофали  само со проекти од  ВМРО- ДПМНЕ. Тие не паметат дека донел нова инвестиција во земјава.   

Маркарт важи за една од водечките производители во светот на електронка за автомобили и апарати за домаќинството.