Македонија
8. September 2018 - 19:06

Германската канцеларка Ангела Меркел во посета на Македонија. Во ЕУ и НАТО само преку Преспа - тоа не е закана, тоа е историска шанса

Ако пред 27 години на денешен ден македонските граѓани одлучуваа за суверена и независна Македонија, на 30 септември годинава имаат можност да ја одредат нејзината иднина.

Со оваа порака германската канцеларка Ангела Меркел им го честиташе денот на независноста на македонските граѓани и ги повика на денот на референдумот да излезат и да кажат во каква Македонија сакааат да живеат. Само со успешен референдум, НАТО и Евриопската унија ќе ги отворат вратите.

Според Меркел ова не е закана од меѓународната заедница за изолација на Македонија туку реалност и историска шанса.

Посетата на Маркел на денот на независноста, според премиерот Заев е силен поттик во пресрет на референдумот и гаранција за влез во НАТО и Унијата.

Германија е најголем трговски партнер на замјава и најсилен поддржувач на нејзината евроинтеграција, а за ваквата поддршка вели Заев, Македонија ќе се оддолжи со успешен референдум.

Во рамки на еднодневната посета, германската канцеларка денеска не оствари средба со претседателот Ѓорѓе Иванов. Не сакаше ниту да одговори што доколку референдумот не успее, а на опозицијата и порача дека за вакви клучни прашања неопходна е национална одговороност. Мицкоски пак лично на Меркел и го соопштил партискиот став за договорот со Грција.

Меркел потврди дека Германија останува посветена на Берлинскиот процес во чии рамки ќе издвои 2,5 милиони евра за поддршка на младинските политики, како и средства за подобро инфраструктурно поврзување на регионот.