Германската индустрија закрепнува, нарачките во пораст
Германските фабрички нарачки се со пораст во јуни, покажуваат денешните официјални податоци, според кои најголемата економија во Европа е на пат за закрепнување од падот, предизвикан од затворањето на земјата, поради пандемијата на коронавирусот.
Индустриските нарачки во јуни се зголемија за 27,9 проценти во однос на претходниот месец, покажуваат податоците од Министерството за економија.
Ова зголемување е двојно повеќе отколку што предвидуваа економистите и доаѓа по силниот пораст на порачки во мај од 10,4 проценти.
Главниот економист на ИНГ банка Карстен Брзески рече дека по укинувањето на мерките за затворање на земјата во април, во Германија главно раст имаше приватната потрошувачка, додека индустриската активност заостануваше.
Германската економија претрпе сериозен удар поради мерките за ограничување за време на пандемијата, со пад од 10,1 процент на бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година, бидејќи извозот и деловните инвестиции паѓаа нагло.
Иако индустриските нарачки се зголемија во јуни, нивниот број се уште е над 11 проценти под нивото што беше во истиот месец минатата година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица