Бизнис
27. May 2017 - 17:21

Германската фабрика ,,Лутекс‘‘ во Велес почнува со работа

Лутекс стартува со работа, ќе отвори 1000 нови рабтни места. Германскиот инвеститор Ес Ти ЕС Текстајл во  погоните на поранешната свиларница во Велес Нонча Камишева  ќе произведува индустриски и технички текстил.  Во моментов се вработени 50 лица, а до крајот на годинава бројката ќе се дуплира дпо 100.  Долгогодишните планови на инвеститоро се новата фабрика да обезбеди работа за 1000 лица.  Досега се инвестирани три милиони евра во наредните пет години инвестицијата ќе се зголеми на 7 милиони евра,

- Погонот е опремен со најсовременa опрема . Се проценува дека ќе произведува над 5 тони дневно текстил.  До крајот на годинава производствотот ќе се дуплира , а со тоа ќе се зголеми бројот на  нови работни места, рече Маркус Туч- сопственик на Ес Ти ЕС Текстајл

Преговороте за влез на инвеститорот траеле неколку години. Производството ќе биде наменето за европскиот пазар.

- Производствотот ќе биде наменето за Франција, Италија, Германија и Полска, а веќе се склучени и договори за извоз во САД, рече Џери Намуов- министер за странски инвестиции

Во последните години државата напорно работела за да обезбеди добри услови за работа кои ќе привлечат квалитетни и реномирани странски компании.

- Работевме напорно за да привлечеме голем број на странски компании . Го зголемивме извозот, ја намаливме невработеноста , отворивме над 150 илјади работни места, рече Владмир Пешевски- Вицепремиер за економски прашања

На отворањето на  фабриката присуствуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски.

- Во времето на СДСМ вакви фабрики се затвораа, како што беше „Нонча Камишева“. Денеска со ново име, со нов сопственик Лутекс се отвора оваа фабрика. Слушаме прослава за новата фабрика, гледаме нови машини, гледаме весели лица на вработените, гледаме оптимизам кај оние лица кои чекаат да бидат вработени. Тоа е една крупна разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Најави дека до крајот на годинава очекува да бидат готови уште 15 нови градинки кои дополнително ќе помогнат за згрижување на децата од предучилишна возраст.

- Во нашиот мандат има 87 објекти изградени или опремени со адаптација за деца во предучилишна возраст од кои 60 се градинки, а 27 дневни центри. Годинава се очекува да се реализираат уште 18, но нема сите да се довршат, очекувам  од нив да бидат завршени од 10 до 15, чија градба е во тек, рече Груевски.

Посочи дека во изминативе десет години фокусот бил ставен на најмладите. Изградени се и адаптирани нови стотина детски градинки.