Свет
28. March 2017 - 13:09

Германската агенција за труд проневерила милиони евра наменети за бегалците

Германската Национална агенција за ревизија ја обвинува Сојузната Агенција за вработување за злоупотреба на десетици милиони евра наменети за образование и учење на германски јазик на бегалците, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Во извештајот на ревизорите, објавен денеска, се вели дека во работата на Агенцијата за вработување се откриени сериозни пропусти при извршување на работите и во менаџирањето со фондовите кои што од 2015 година биле префрлени за помош на бегалците. Во анализата која ја објавува националното радио НДР се утврдени гречки како фалсификувани сметки, лоша структура за мониторинг на процедурите и неквалитетни материјали кои што биле подготвувани за учење на германски јазик од страна на бегалците.

Во своја одбрана Агенцијата за вработување вели дека сите пронајдени грешки во работата се должат на кратките рокови од два ммесеци во кои што морале да се започната активностите поврзани со бегалците.

Само за организирање на курсеви за германски јазик за бегалците ревизорите откриле лош менаџмент на 400 милиони евра. Неправилности се пронјадени и во менаџментот финансиските сметки во кои било утврдено дека се за една услуга биле прикажувани и донации и наплатени пари од државата.