Бизнис
23. October 2019 - 17:35

Германска компанија почна изградба на фабрика во Бунарџик - Ќе произведува медицинска пластика и ќе вработи 400 луѓе

Германскиот инвеститор Гересхајмер почна со изградба на својот погон во Бунарџик. Во фабриката ќе бидат вработени 400 тини лица. Ќе произведува медицинска опрема. Со работа се очекува да почне  во втората половна од идната година. Но плановите на инвеститорот се да го шири бизнисот тука и да вработува висококвалификуван кадара. Македонија е избрана во конкуренција со повеќе земји во регионот.

Според премиерот Заев новата инвестиција е доказ дека еконосмките мерки и програми носат резултати. Посочи дека инвестиции како германски Гересхајмер ќе помогнат за подобрување на имиџот на земјава и за зголемување на платите. 

Новата фабрика се протега на 12. 500 метри квадратни. Ова е прва инвестиција на германската компанија во Југоисточна Европа. Гересхајмер има 50 фабрики во 13 држави, вкупен промет од 1,3 милијарди евра и вработува околу 10 илјади лица.