Македонија
6. April 2017 - 16:34

Германска компанија од први јуни стартува со работа во Желино - Ветува вработување на 250 работници

Германска инвестиција во  тетовско Желино. Компанијата Франц Кил ќе произведува седишта за автобусите на Ванхул. Комапнијата ќе почне со работа на 01 јуни во постоечки објект. Во прва фаза ќе бидат вработени 60 лица, а подоцна бројката ќе стигне до 250. Вкупната инвестиција се проценува на 6 до 7 милиони евра.

Првиот контакт со компанијата бил остварен пред две години, на препорака на Ванхул.  Во моментов седишта за автобусите од белгиската фабрика с епроизведуваат во други земји, по јуни тие  ќе бидат целосно подготвени за извоз од Бунарџик. Ова е втора инвестиција која доаѓа по препорака на Ванхул, претходно туркста Чатагај кабло најави дека за нивните потреби ќе произведува електорника во земјава.

Во овој случај имаме уште една компанија која доаѓа како добавувач на „Ван хол“ што значи дека го гледаме дополнителниот ефект од веќе постоечките инвеститори кои работат во Македонија и го прошируваат своето производство, полека да ги носат и своите добавувачи, нагласи Мизо. 

Германците доажаат во земјава заради економската стабилност и квалификуваната работна сила. Политчката ситуација нема пресудно влијание.

Севкупниот пристап на Македонија во текот на годините е да биде демократска земја и сосема е можно да има промена на политички партии и влади поради избори. Ние не гледаме на период од 5-6 години, туку на период од 20 години така што е сосема нормално дека се можни промени. Многу поважна е стабилноста која што ние ја увидовме во пристапот кон индустријата што влегува во Македонија, почнувајќи со добар образовен систем. Има многу студенти во многу полиња во Скопје и Тетово и јас сум импресиониран. Позитивно гледам на иднината бидејќи веруваме дека едукацијата и луѓето се најголемата инвестиција на оваа земја и за компаниите, како и основа за успех. Затоа не сме многу врзани со политичкиот аспект, но секако индустријата има потреба од стабилност за да се воспостави процесот, истакна Хелвек.

Инвестицијата ја поздрави и лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Оваа германска компанија, годинава одбележува 70 години успешно постоење во светот, а својата успешна приказна по примерот на Полска и Турција ќе ја пренесе и кај нас во Македонија .Ова е важна инвестиција особено што доаѓа во еден исклучително турбулентен период. Ние дури и во овие моменти продолжуваме да се бориме и да обезбедиме инвестиции. Наместо спроведување на платформи од туѓи држави, нови инвестиции за сигурност, извесна иднина и нова надеж за граѓаните, напиша Груевски на Фејсбук.