Германија започнува со директна исплата на самовработените и малите компании
Германските сојузни држави од денеска почнуваат да префрлаат пари на сметките на малите компании, самовработените, хонорарците и земјоделци, копи се тешко погодени од кризата со коронавирусот.
Владата во Берлин и сојузните покраини постигнаа договор со кој ќе овозможат финансиски субвенции за лица без редовна работа и малите компании.
Договорот го потврдија министерствата за економија и за финансии и со него ќе им се овозможи на сојузните поктраини пристап до фондот во вредност од 50 милијарди евра.
Програмата за државна помош има за цел да им помогне на групите на кои им е тешко да позајмуваат пари и не се опфатени со мерки за финансиска сигурност.
Компаниите што вработуваат до пет работници ќе добијат 9.000 евра за да ја задржат состојбата на компанијата во наредните три месеци, а компаниите со максимум десет работници ќе добијат по 15.000 евра.
За да се квалификуваат за помош, компаниите ќе треба да докажат дека биле финансиски здрави пред кризата.
„Како и за малите бизниси, хонорарците и самовработените така и потребите на многу земјоделци во моментов се големи“, истакна министерот за економија, Питер Алтмајер и потврди дека парите од фондот ќе бидат достапни и за земјоделците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација