Свет
6. January 2016 - 11:55

Германија во 2015 година примила речиси еден милион и сто илјади бегалци

Над еден милион и 90 илјади баратели на азил биле регистрирани во Германија минатата година информира кабинетот на германската канцеларка Меркел. Иако постои можност дел од пристигнатите бегалци да се регистрирани по два пати сепак со информацијата на германската влада се потврдуваат извештаите на германскиот медиуми според кои во 2015 година земјата се соочи со најголем бран на баратели на азил во својата историја.

Само во декември Германија примила 127.320 баратели на азил што покажува тренд на намалување на новопристигнати бегалци. Најголем број бегалци Германија прими во септември и октомври.

Најголем дел од бегалците се од Сирија, околу 430 илјади по што следуваат баратели на азил од Авганистан (154.046) и Ирак (121.662).

На листата на баретели на азил на четврто и петто место се граѓани на Албанија (околу 70 илјади) и Косово (33.049). Граѓаните од балканските земји немаат речиси никакви шанси да добиат азил во Германија или било која друга европска земја.