Македонија
25. September 2019 - 16:31

Германија утре ќе гласа за почеток на пристапните преговори за Македонија

Македонија очекува на утрешната сеница на Бундестаг зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.  

Вчера препорака за старт на преговарачкиот процес даде комисијата за надворешни работи на германскиот парламент, а консензус за Македонија  на вчерашниот состанок постигнаа владеачките  партии - демохристијаните и социјал демократите. 

Вицепремиерот Османи кој  допатува во Берлин за да присуствува на клучната седница , објави дека по денешната средба со пратениците од редовите на  германската СДП е повеке од сигурен дека македонија ке го помине и овој филтер на патот кон одлучувачкиот октомври.

Во мегувреме, и регионот се здружи во давање поддршка за македонските евроинтеграции.

На средбата во Њујорк шефовите на дипломатиите на Бугарија, Грција, Романија и Хрватска се согласиле дека, како земји ќленки на ЕУ, мора да вложат заеднички напори Македонија  и Албанија да го почнат процесот на приклучување кон Унијата,

– Убедени сме дека ќе бидеме посигурни, попросперитетни и побогати, само ако сите наши соседи станат членки на ЕУ, рекла на состанокот шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Според министрит, би било голема грешка доколку Албанија и Македонија се раздвојат  бидејки двете земји заслужуваат датум во октомври.